„Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже. Поради тоа го тепавме. Го тепавме јас, Тенјо Рајков, Илија Николов, Андон Донев, Тодор Маринов… Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело, кој каде можеше, удирајќи го со клоци по грбот и стомакот, а два-три пати сме му ги ставале нозете во вода и потоа продолжувавме со тепањето. Два дена беше непрекинато тепан. Во мноrу тешка состојба беше вратен во ќелијата. Другиот ден попладне го испратив Тодор Маринов да го повика на сослушување. Се врати и рече дека Пинџур умрел во ќелијата. Јас отидов во ќелијата да го видам. Го најдов како лежи со пена што му избиваше од устата”.
Ова е сведоштвото на началникот на бугарската Обласна полиција во Скопје, Љубомир Јорданов, за смртта на Страшо Пинџур, народен херој на Македонија, учесник во НОБ.
Уапсен е на 19 декември 1942 година, умрел во затворот на 4 јануари 1943 година. Гробот не му се знае.
Што е различно кај него од другите македонски револуционери во Втората светска војна? Имено, во расподажбата на Македонија на Грција и Бугарија, сега актуелно е повикувањето и на Бугарите и на „северномакедонците“ на документи според кои Гоце и другите се изјаснувале како Бугари, па оттука тие се Бугари кои се бореле за слободата на Македонија. Каква врска има тоа со Страшо Пинџур? Има!
Имено, еден од водачите на Тиквешкото востание е Диме Пинџуров, син на баба Наца и татко на Страшо Пинџур. Не е спорно дека востанието имало пробугарски карактер, зашто востаниците биле свесни дека самите не можат против Србија, па се надевале дека во нивната борба ќе добијат помош од Бугарија. Настрана тоа што додека востанието траело водачите се собрале во Струмица и делеле кметовски (градоначалнички) места меѓу себе, од што Диме Пинџуров бил шокиран.
Целата колумна на „Денешен“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.