Нашите очекувања се до декември да се отворат поглавјата и да почнат преговорите со ЕУ. Подобра гаранција за нас ќе беше доколку датумот се случеше во јуни, но ваквиот заклучок гарантира дека тоа ќе се случи во октомври и верувам дека тоа е порака за сите нас сериозно да работиме и да продолжиме со реформите за унапредување на севкупните перформанси на нашата земја, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.
Значи таму е кажано во октомври. Важно беше да имаме ваков заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Целосно имаме безусловена порака, по завршување на реформите, начинот на работење на нашата земја. Треба да го искористиме овој период. Да не си играме играчки. Не постои земја против и граѓаните треба да се радуваат на вакви теми, истакна Заев.
Тој додаде дека ова е заеднички успех на целата држава и нема потреба од дополнителни барања.
Дајте заедно да се израдуваме на овој заеднички успех. Зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме. Многу работиме изминатиот период и имаме Антикорупциска комисија која работи конечно, истакна Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.