Премиерот Зоран Заев, денеска истакна дека попишувачите ќе бидат дел од приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирани.
„Беше потврдено вчера преку Ковакс системот за вакцините на АстраЗенека. Тоа е првиот чекор на масовната имунизација. 24 илјади вакцини, се прима само една доза, што значи дека ќе бидат вакцинирани 24 илјади граѓани. Овие денови ќе стигнат и други вакцини, но не би сакал да зборувам претходно. Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во приоретните групи се и полициските службеници, војската“, изјави Заев.
Toj е убеден дека попишувачите ќе се вакциираат само со една вакцина на Астра Зенека но тоа не е точно бидејќи оваа вакцина има двојна доза која се прима по 12 недели од првата.
Така што, ако онака како што е планирано во недела да стигнат вакцините ние можеме пред први да ги вакцинираме попишувачите. Очекувам секако Здравствената комисија тоа да го каже, заради тоа што така беше и разговарано, а тоа ќе биде важен момент и опозицијата да даде поддршка. Но, да не прејудицираме во понеделник ќе имаме состаноци па ќе се обидеме да најдеме решение, рече премиерот.
Доколку Заев одлучи да ги попише сите 24.000 лица со првата доза на Астра Зенека која е гаранцијата дека за три месеци ќе стигне нова пратка од оваа вакцина бидејќи е важно таа да се прими навреме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.