Првиот телевизиски дуел меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев се одвиваше динамично и со жестоки дебати околу за состојбите во Македонија, од правосудството и Законот за јавно обвинителство, преку парламентарните избори, рефрмите, економијата…
Мицкоски имаше директен и одлучен пристап, во кој неколкупати напомена дека ќе биде непристрасен и неприкосновен во борбата против криминалот како иден премиер.
За вмешаноста на власта на СДСМ во извршната во судската власт, Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12 април ќе одговара.
Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12 април. А јас ве гледам директно во очи и ви кажувам, сите, вклучително и јас, кои се огрешиле пред законот, кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ ќе одговараат. Сите за кои што постојат докази да бидат изведени до крај, до крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува како за вас, така и за оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, му порача Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се чуди на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години за реформа во правосудството, кога тој лично го водел телото за реформи.
Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле, рече Мицкоски.
Тој посочи повеќе конкретни мерки на кои како партија ќе се фокусираат после победата на изборите, сè со цел за постабилна и економски поразвиена Македонија.
Заев, пак, со веќе чуени и стари тези, не се покажа како добар соговорник. Одбивајќи секаква одговорност за тоа на кое ниво е доведена Македонија во последните три години, лидерот на СДСМ се трудеше да одбегнува дискусии за идеи и предлози за подобрување на состојбата. Напротив, постојано се навраќаше на минатото, како да не беше премиер во последните три години.
Господине Заев се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на „М“, се сеќавате? Седите во барокната фотелја и во неговиот кабинет, седевте до скоро, се надевам дека нема да ја имате повторно таа можност. Опкружени сте со соработниците на Груевски, официјално и неофицијално, тие што се во вашиот скут. Вие сте опседнати со Никола Груевски. Оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема, му порача Мицкоски.
Говорејќи за ЕУ и НАТО, како и уделот на ВМРО-ДПМНЕ во евроинтеграцискиот процес, Мицковски во понатамошната дискусија директно му посочи на Зеав дека од Европската унија не прават пакт со криминалци како СДСМ.
И Пленковиќ и Орбан и Јанша и сите останати премиери кои се дел од ЕПП лобираат и ќе продолжат да лобираат Македонија да добие датум затоа што граѓаните заслужуваат иако сме понижени, омаловажени, со урнато достоинство поради капитулантските политики на Заев барем малку нешто што ќе ја залечи раната која се уште стои. Сè ќе сторам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ тоа да се случи час поскоро, и ќе зборам и со Јанша, Пленковиќ и Орбан, Курц со сите премиери кои се членки на ЕУ да се даде затоа што тој датум не е привилегија, ниту на Христијан, ниту на Зоран Заев, рече Мицкоски.
Понатаму упати и критики за резултатите на власта во економијата, за погрешна даночната политика, како и дека е слаба реализацијата на странските и капиталните инвестиции.
Мицкоски забележа дека се собрани за пет проценти помалку даноци, бидејќи власта водела комплетно погрешна даночна политика и оти во февруари ќе се види што значи за стопанството враќањето на старото решение односно рамниот данок.
Како што нагласи Мицкоски, странските инвестиции за кои Заев рече дека во 2018 година изнесуваа 624 милиони евра сега се намалени на 290 милиони евра, односно за двапати помалку.
Сите состаноци што ги имаме со бизнис заедницата завршуваат со еден наратив – ве молиме да имаме предвидлива законска и фискална политика, рече Мицкоски, забалежувајќи му на Заев дека менувал даноци преку ноќ.
Мицкоски му посочи дека граѓаните на 12 април ќе судат како ја одржал лекцијата и ќе покажат кој како ќе помине на тој испит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.