Премиерот Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ Никола Стојаноски и со Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор.

Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцираа симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30-годишнината од прогласувањето на независност на нашата земја, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80-годишнината од Антифашистичкото востание и Народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година.

По тој повод премиерот Заев ја прифати поканата да биде покровител на оваа значајна годишнина од историјата на нашата држава во чест на борците од НОВ, кои со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот, стои во владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.