Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ТВ Шења изјави дека последните неколку изборни циклуси имаме добри, позитивни извештаи од ОБСЕ/ОДИХР.
Заев кажа дека очекува тој тренд да продолжи и со овие локални избори.
Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори. Прво, сите предуслови се запазени, а пред се измените на Изборниот законик со новините со опозицијата, но и политички партии учествуваа во оваа работа. ВМРО-ДПМНЕ побара отисок на прст, тоа го има веќе вградено во Законот, нешто што е важно за нив, а беше и наше барање кога бевме опозиција. Дополнителен гарант за „еден човек еден глас“ што е многу важно во демократијата.
Верувам дека сите штабови меѓусебно соработуваат, еве ние со нашиот прв опонент ВМРО-ДПМНЕ имаме координација прво заради распределбата на термините за не се „судриме“ во некои општини. Но, си ветивме дека ќе креваме телефон ако видиме дека некои од нашите поддржувачи/активисти на терен не се однесуваат како што треба, па да превенираме, да спречиме, веднаш да делуваме. Тоа треба да биде така, оти на крајот, тој што ќе победи ако е тоа на нефер, недемократски избори – таа победа не е победа. Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори во коишто ќе веруваат сите. На крајот, околу некакво непризнавање на изборите, граѓаните знаат да препознаат дали е тоа реакција на некој ако реагира заради тоа што е поразен или има основ за такво нешто, заедничка должност на сите е да имаме фер и демократски избори. Само така сме сите победници – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.