Во врска со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки кој со реконструкцијата е предлог да биде на чело на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, во вечерашното интервју за „Сител“ премиерот Зоран Заев рече дека работите се решени низ дијалог и дека одлуката била заедничка Дураки да го напушти ресорот екологија и да премине во новото министерство.
Низ разговори ги решавме работите. Притисок нема. Довербата е голема. Заедничка беше одлуката господинот Садула Дураки да ја напушти екологија. Тој е висока политичка фигура во ДУИ, одговорноста на едно општество за сите е на сите. Ова Министерство само по себе е создадено за да поминеме во едно ново ниво на живеење и опстојување етнички различни во мултиетничка Република Македонија. Доста беше рамковен договор, Македонци, Албанци… Преку ова министерство сите стануваме граѓани. И тоа поминување на тоа повисоко ниво дефинитивно треба да биде дефинирано од помалку бројните заедници, не само од албанската. Во него ќе учествуваат и другите помалку бројни заедници. Од помалите етнички заедници ќе биде пополнети заменичкото место и државниот секретар, рече Заев.
Тој додаде дека очекува Дураки да даде придонес, бидејќи тој е потпретседател на ДУИ и тоа е основата зошто тој како политички претставник на најголемата албанска политичка партија во Владата си ја зема таа одговорност и тоа е сосема еден друг амбиент од тоа што е екологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.