Да се знае кој премиер на која земја го возел првото возило – се пофали премиерот Зоран Заев вртејќи го клучот на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици.
Со широка насмевка тргна да зачисти, но заборави да ја вклучи метлата на машината. Тој беше гостин во халата на „Брако“ во Велес, и присуствуваше на промоцијата на возилото.
Заев имаше заедничка презентација со поранешниот вицепремиер за економски прашања и прв човек на „Брако“, Кочо Анѓушев. Тој ја промовираше првата во Европа еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини која работи на водород. На возилото кое е произведено во земјава, работеле 60-тината инжињери, со просечна старост под 30 години.
Станува збор за еколошкото возило за чистење кое испушта само вода, без издувни гасови како другите возила. Сепак, тоа не може да се употребува за чистење на улиците во Македонија, бидејќи кај нас нема хидрогенска инсталација. Инаку, возилата на „Брако“ ја чистеле платформата пред Белата куќа пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, а се употребуваат и за чистење на кралскиот двор во Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.