Премиерот Зоран Заев денеска го коментираше вчерашното обраќање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавените реформи во неговата партија.

Според Заев, многу е значајно кога политичарите пред јавноста ќе дадат збор, тогаш тоа е нивен завет.

Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и веќе денеска зборува за граѓаните. Доста беше Албанци, Срби, Грци, Власи…ние имаме граѓани во државата и сакам да го поздравам нивниот исчекор, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.