Премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ21 истакна дека за жал на Преспа форумот за дијалог не присуствувале претставници од соседна Бугарија.

Тој оценува дека ова не е добра порака.

Покани испративме уште кога почна организацијата за Самитот. Имавме најави дека ќе има претставници овде, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме причините, ние немаме одговор. Сигурно после ќе видиме кој биле причините, но не е добра порака. Во најмала рака можеби е кабаетлук, не знам, се надевам дека е затоа што ние сме пријатели, порача Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.