Премиерот Зоран Заев рече дека претстојните празници ќе ги помине во кругот на своето семејство, а Велигден ќе го дочека во својот дом.
– Ќе бидам дома во Струмица, на прошетка на ридовите, струмичкиот парк и својот двор. Ќе организирам и крводарителска акција во Струмица, рече Заев.
Тој ги повика граѓаните да ги избегнуваат толпите за време на дочекот на Христовото воскресение.
– Да запалиме свеќичка пред нашата зграда, пред нашата куќа. Како претседател на владата апелирам прв приоритет да биде да се тргнеме од толпата, да го искористиме просторот на отворено и да избегнеме групирање
Окекувам од верските лидери да апелираат но и да учествуваат во организацијата, како што зборувавме на состаноците, за да придонесат да го заштитиме здравјето, додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.