Заев за Охрид го предлага Константин Георгиевски, за кого и министерката за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Константин Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос.
Со Георгиевски Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите.
Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник? – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека Георгиевски е лош избор за Охрид.
Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци.
СДСМ оди со стари и истрошени кадри. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе! – реагираат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.