Во искушение сум, бидејќи е очигледно или барем многу аргументи има дека се работи за предизборен фолклор. И колку поголема реакција ќе предизвика ова на македонска страна, толку поголем можеби ќе има… тоа можеби било и идејата, не знам што е…“, изјави вицепремиерот за европски прашања – Никола Димитров, прашан да ја коментира постапката на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана – Красимир Каракачанов, кој 8 Март на жените им го честиташе со карта на Голема Бугарија, во чии граници е и целата територија на Македонија.

Тој додаде дека принципиелно и со, како што рече, најумерени зборови, ќе каже дека кога за тие што вистина сакаме пријателство и добрососедство, важно е да сме внимателни и во тоа што го зборуваме и во тоа што го објавуваме на социјалните медиуми.

И посебно треба да избегнуваме објави и зборови кои наликуваат на територијални претензии, се против Договорот за пријателство и нашето сојузништво – Македонија и Бугарија се членки и сојузнички во НАТО алијансата“, рече Димитров, додавајќи дека треба да се размислува не дневнополитички, туку на долг рок во однос на овие цели.

 

Премиерот Зоран Заев пак посочи дека нема намера да влегува во предизборен фолклор на соседна земја

„Како што е подготвен Никола да шутира, така и јас сум, кога ти местат пенал. Но мора да внимаваме дека утакмицата трае и мора да трае. Ова го кажувам од аспект што Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија покажува дека државите меѓу себе немаат територијални претензии. А притоа, ќе кажам дека и јас, исто така, немам намера да влегувам во предизборен фолклор на соседна земја или на било која друга наша пријателска земја. За мене тоа е предвечерие на предизборите и ништо повеќе и ништо помалку. Секоја друга наша реакција би значела влегување во изборна кампања во Република Бугарија“, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.