По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на СДСМ Зоран Заев во свое лично име и во име на партијата упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.
Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, стои во честитката од Заев.
Овој празник, потенцира лидерот на СДСМ Заев, е празник преку кој се шири добрината, и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.
Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи. Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нѐ водат на патот на подобра и посветла иднина за сите, стои меѓудругото во честитката од претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.