Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање кога во Македонија ќе стигнат кинеските вакцини и кога ќе почне масовната имунизација на населението.
Откако Министерството за здравство го повлече авансот за кинеските вакцини, Заев денеска кажа дека тоа е направено додека да се добие одговор од кинеското Министерство за надворешни работи.
Не можеме да дозволиме пари да останат да ‘лежат’, затоа го повлековме авансот додека добиеме одговор. Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на презентацијата на проектот за реконструкција на Универзална сала.
На 17 февруари почна имунизацијата на медицинските лица во Македонија со донираните вакцини „Фајзер“ од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.