Премиерот Зоран Заев за одлуката на ЛДП рече дека тоа е легитимно право, но коалицијата е повредена и тој нивниот потег го доживува како удар врз СДСМ.
Право на ЛДП е да ги носи одлуките за нивното однесување во парламентот. Ние вчера искомунициравме преку генералниот секретар на СДСМ и кажавме дека ова што го прави ЛДП е удар врз СДСМ. Можеа да почекаат петнаесетина дена, не мораше да го прават сега. Ова го ние го чувствуваме како повредување на коалицијата – е ставот на Заев откако ЛДП, која има двајца пратеници, одлучи да ја напушти пратеничката група на СДСМ во Собранието и одлучија да дејствуваат сами.
Но, Заев тврди дека коалицијата има целосен кворум во Собранието од 62 пратеници, а што нема пленарни седници причина е пандемијата.
Јас верувам дека имаме кворум, па дури и повеќе од тоа – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.