Прашан дали ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Сараево, каде тој говори за „северноамакедонски политичар“ и „северномакедонски претседател“, што е спротивно на Договорот од Преспа, премиерот Зоран Заев денеска рече дека секако реагира и веќе е испратена нота, за да може секако да се исправат грешките.

Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Македонија, изјави Заев.

На прашањето на „Пресинг ТВ“ дали смета дека ваквата изјава на Борисов  е намерна или се работи за грешка, Заев тврди дека е грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.