Изјавите на функционерите од ДУИ за најавената „метла“ во владата, премиерот ги нарече рашомонијада. Тврди дека, поради слабости ќе бидат разрешени функционери од сите партии и дека нема да дозволи да се добие впечаток дека партиите се посилни од државата. Не сакаше да ги потврди или негира написите дека Садула Дураки ќе биде министер на новото министерство за политички систем.

Сите коалициони партнери имаме право да даваме свој коментар или не. На крајот ние сме партиципијанти во нешто кое што го крепи парламентарно мнозинство. Ваквата рашомонијада од изјави којашто можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена да видиме која е таа вистина за која што зборувам. Јас сум мандатор, тие може да гласаат во парламентот или не. Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Артан Груби е пратеник во парламентот. Тој и неговата пратеничка група ДУИ можат да се изјаснат за рашенијата. Затоа имав средба со лидерот на нивната политичка партија ДУИ. За да знаат кои чекори ќе ги преземам – вели Заев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.