Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фокус“ вели дека нема тенденција во финансиската контрола на телевизија Алфа. На прашањето на „Фокус“ дали тоа е форма на притисок, бидејќи од телевизијата се жалат дека се изложени на континуирани контроли од власта, заради нивното опозиционо делување, премиерот вели:

Контролите на медиумите се составен дел на работењето на инспекциите. Ниту има тенденција, ниту некаков посебен однос.
Ќе се направи записник и ќе се констатира дали има или нема недостатоци. Секој има право на жалба. Факт е дека коментарите на новинарите на Алфа се опозициони и апла како да се излезени од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа решив и да не се појавувам како гостин во тој медиум. Но, критичноста треба да живее, колку и тоа да не ми се допаѓа мене. Но, тоа не значи и да не влезе инспекцијата, вели Заев.

На прашањето нели е необично да се бараат документи за програмската шема, што не е работа ниту на финансова полиција, ниту на инспекцијата, премиерот вели:

Начинот на кои се направени расходите и приходи е работа на инспекциите, УЈП, Финансова полиција. Дел од расходите сигурно се поврзани со програмската шема. Тие не садат домати, па тоа да се бара од нив. Државата си ја извршува својата функција. Ако имаат забелешки за политичка пристрасност или притисок, нека бидат гласни и изнесат докази. Јас ќе бидам првиот што ќе реагира. Човек сум кој верува во слободата на медиумите и новинарството, вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.