Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат, пишува денеска премиерот Зоран Заев.
Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака, вели Заев.
Заев вели дека за да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно.
Вчера бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека Македонците треба уште да созреваат пред да добијат зелено светло за ЕУ.
Додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или е Македонец – таа малопродажба на едни херои, кои реално се бореле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите песни се поврзани со нив… Додека тоа е темата, и додека опозицијата постајно ќе ме потпрашува што прави комисијата…Нека созреат. Не можам тоа да го дозволам. Бугарија стори сè и тие се вивнаа кон небото. Сега тие мoра да направат компромиси во комисијата и антибугарска реторика, рече Борисов одговарајќи на новинарско прашање, рече Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.