Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук им го честита Божик на православните верници со порака и фотографии од Водочкиот манастир „Свети Леонтиј“.

Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме.

Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта.

Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста.

Христос се роди!, испрати Божиќна честитка претседателот на СДСМ Зоран Заев.


Заев и неговата сопруга Зорица често го посетуваат манастирот Водоча, во кој престојува и бизнис-пријателот на Заеви, владиката Наум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.