Во врска со обвинувањата за криминал што кон директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги упати сега разрешениот економски директор на ГАК Ваљон Беља, кадар на ДУИ, премиерот Зоран Заев рече дека проблемите со него биле поодамна и дека Беља бил планиран за смена уште пред да биде разрешен од министерот Венко Филипче.

Тој така настапи затоа што му беше соопштено дека ќе биде разрешен и тргна по тој пат. Откако слушна дека ќе биде променет, тргна по тој пат. Не се плашиме што тој ќе каже, но тој тропа глупости, и ние нема да дозволиме некој да си игра играчки со институциите. Индициите за одредени криминални дејствија или било што, истражните органи треба да ги проверат, почнувајќи од Зоран Заев па надолу, по хиерархијата на извршната власт, без оглед за кого се работи, додаде Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.