Зоран Заев, лидерот на СДСМ во тв-дуелот со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој е во тек на „Канал 5“ му реплицираше со зборовите: Го осудувате насилството за 27 април, а мрчите за пресудите.
Претходно Заев го прозва Мицкоски дека не ги осудил настаните кои се случија во Парламентот на 27 април. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа го направил претходно повеќе пати, а сега повторно тоа ќе го осуди, но и дека го осудува и поводот зошто дојде до тоа насилство, како и висината на пресудите”.
Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИС кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво Насеље. Дали го осудувате тоа”, реплицираше Мицкоски.
Да, ама не како вас. Вие осудувате за насилство, а мрчите за пресудите”, одговори Заев.
На ова Мицкоски реплицираше дека некако имал чувство како да биле блиски со Заев, оти му се обраќал со зборот „мрчите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.