Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, синоќа присуствуваа на концерт во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Како што може да се види од видеото, Заев во Бугарија пренесе поздрави од познатиот комичар Љупчо Бубо Каров, а во Софија беше придружуван од министерот за култура, Асаф Адеми и советникот во Владата, Роберт Алаѓозовски.
Претходно двајцата премиери имаа средба на која се разговарало за укинување на царинските тарифи меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.