Премиерот Зоран Заев, при денешната посета на Националниот парк Маврово, оствари средба со претставници на Македонското еколошко друштво, кои го презентираа проектот за следење на рисот којшто претставува уникатен вид и наш национален симбол.

За време на разговорот им најавив дека со изградбата на новите делници ќе имаме предвид, секаде каде што тоа е можно, секој автопат да има подземни премини или зелени мостови за заштита на животните и за поголема безбедност во сообраќајот – напиша Заев на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека одржливиот развој на општините ќе обезбеди баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.