Премиерот Зоран Заев, кој е во работна посета на Преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно.
Старото училиште во с. Љубојно претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа. Тоа претставува второто училиште во Македонија во кое по завршувањето на Втората светска војна, започна да се одржува настава на македонски јазик.
Секогаш со посебна драж му се навраќаме на Љубојно во Преспа следејќи го напредокот на иницијатива за основање на Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. Оваа иницијатива се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76-годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година.
Заев се осврна на значењето на Прспанслкиот договор.
Со Договорот од Преспа ги премостивме речиси тридецениските разлики со Грција и ги обезбедивме нашите перспективи во евроатлантските и европските интеграции. Уште две главни придобивки произлегоа од овој историски договор. Се заштити нашиот идентитет во рамките на меѓународното право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, а со тоа се потврдија и нашата култура и културно наследство, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.