Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.
-Заев на средбата со Сасоли нагласи дека неговата посета на Брисел во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.