Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.
Владите на Македонија и Грција во Атина ќе го потпишат договорот за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас помеѓу двете земји преку гасниот терминал Александрполис
Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања.
Заедно со премиерот Заев се и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.
Премиерот Заев ќе присуствува и на свеченоста на која ќе се обрати премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис. Во рамки на официјалната посета предвидени се повеќе средби со стопанственици, дипломати, а исто така ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Македонија. Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.