Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Куманово порача дека ВМРО-ДПМНЕ „мало сутра“ ќе се врати на власт.

Ги слушам како се прават поголеми патриоти и националисти, бааги големите вмровци. Дали знаете дека Никола Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, Христијан Мицкоски доаѓа од Социјалистичката Партија, а Гордана Силјановска била во владата на СДСМ, раководството сега на ВМРО-ДПМНЕ е од Народна партија. Биле они тоа тврдокорни вмровци, само власт ги интересира, ништо друго. Спремни се и државата да ја пуштат низ вода само да се вратат на власт ама мало сутра. Веќе назад нема, нема враќање затоа што избравме вистински пат и од него откажување нема – рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.