Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“.

Тој најавува дека нивната кампања ќе биде без митинзи и големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

Заев ја повика опопзициската ВМРО-ДПМНЕ да престане, како што наведува, со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.

Сите настани, потенцира Заев, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани www.sdsm.org.mk

Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, пишува Заев во објавата на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.