Поранешниот премиер и лидер на опозицијата вината за високата бројка на заболени ја гледа во Наќе Чулев и Христијан Мицкоски. Нема вина Владата, нема вина техничкиот премиер и одлуките кои ги носи оваа влада, туку лично Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
-Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски. Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.
Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемиологијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило. Денеска, стигнува сметката од таквото несовесно, незрело и неодговорно однесување на Чулев кој по диктат на Мицкоски не презема ништо за да се санкционираат оние кои не ги почитуваат мерките и задолженијата. Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста кои се водат од позицијата “колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната партија”. Таквото антинародно и антидржавно однесување мора да запре, Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го загрозува јавното здравје и свесно поттикнува незаконско постапување.
Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од неодговорното однесување на Наќе Чулев – напиша Зоран Заев.
Дали Зоран Заев напиша нешто за неговиот пријател и државен секретар во Владата Драги Рашковски што шета во затворен простор, читај продавници за облека, без маска на лицето?! Или тоа не го виде Заев…Побара ли јавно од него да ги почитува мерките и да си понесе одговорност поради недоличното однесување? Кажа ли збор два што се удоволија барањата на аланското население за времена Рамазан Бајрам и се остави утринска молитва во саботата? Ги повика ли некој инспекторите кои вчера оставија да има забави по кафаните и кафулињата?
Кој е виновен што текстилните фабрики во источна Македонија работат под полна пареа цело време и што вработените со автобуси се пренесуваат на работа, без да се води сметка за нивна заштита? Кој им даде дозвола? Чулев или Мицкоски? Се зборува се предупредува три месеци, а никој не реагираше. Сега кога се појавија заболените во штипската конфекција кој треба да одговара? Чулев?
Кој е виновен што денеска автобусите беа преполни со пензионери поради бесплатниот превоз кој е повторно дозволен?
За Заев виновни се Наќе Чулев и Христијан Мицкоски. Да не беше трагично ќе беше смешно. За лошите мерки се обвинува опозицијата, а не позицијата која ги носи мерките…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.