Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите – рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.