Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди Мини шенген Македонија.Мини шенген не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта членство во ЕУ.
Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во Мини шенген.
Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и се дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.