Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија.
Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници – изјави Заев.
Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и обединета.
Верувам во голема победа на нашата коалиција затоа што е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина – изјави Заев.
Тој оцени дека општините не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години.
Педесет милиони евра дадовме директно за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите. Се реализираат и многу проекти поддржани од ЕУ и Европската банка за обнова и развој, од Светската банка, од меѓународни фонадации, но и проекти од централната власт – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.