Стево Пендаровски е натпартиски кандидат и верувам дека сите ќе застанеме зад него, рече премиерот Зоран Заев по средбата во хотелот „Дабл три – Хилтон“, каде што се сретна со раководството на партијата.
СДСМ вечерва од 24 понудени кандидати го избра Стево Пендаровски за кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од владејачката коалиција.
Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски пред се човек кој ги обединува сите етнички заедници, кој верува во оваа политика, политика на едно општество за сите. Верувам дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател на Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.