Премиерот Зоран Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај скопското село Ласкарци, а во која животот го загубија 13 лица, а повеќемина се повредени.
Тој изрази сочувство до најблиските на загинатите за нивната загуба.

Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев.

Како што веќе информиравме, седуммина патница почнале на лице место, а шест  подлегнале на повредите во болница.  Повредените што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во старата градска болница, а петмина во ГОБ „8 Септември“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.