Зоран Заев утре ќе му ја најави оставката за следната недела и неговиот коалициски партнер Али Ахмети, потврдува за ТВ 24 висок владин функционер.

Истот функционер порачува дека најавата на ДУИ, Заев да остане уште шест месеци во Владата, рок кој го постави бугарскиот премиер Кирил Петков за решавање на спорот со Софија, нема да му помине на лидерот на интегративците.

Токму тоа според информациите ќе му го каже Заев утре на коалицискиот партнер Ахемти.

Освен оставката, за која ТВ 24 веќе објави дека ќе биде следната недела, Заев ќе го информира Ахмети и за разговорите со помалите коалицики партнери и за дел од очекуваните кадровски рокади во новата Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.