Премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ ги поздрави сите попишувачи и целиот тим на Државниот завод за статистика, по денешната информација дека попичани се над милион граѓани.

1 милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа.
Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години.
Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина.
Честитки до сите попишувачи и до целиот тим на Државниот завод за статистика.
Ти си повеќе од бројка. Учествувај. Попиши се!, напиша Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.