Се обратиле бизнисмени до мене кои не се од Скопје дека биле уценувани и се знае, како што постапува секој граѓанин така постапува и премиерот – го пријавил тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил, рече Заев вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали знаел од бизнисмени дека се рекетираат.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал за „Независен весник“ потврдуваат дека Заев пријавил кај нив.

Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, вели раководителката на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Независен.

Рускоска вели дека првпат премиерот им кажал за ова во втората половина на април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.