СДСМ во Тетово на локалните избори ќе го поддржи СДСМ. Таму има три коалициски партнери кои настапуваат со свои кандидати Нашето  општинско раководство вели дека треба и ние да настапиме со свој кандидат. Нашите анкети покажуваат дека сме во првите три партии на локално ниво во Тетово.

Правиме анкети во Тетово на неколку кандидати кои поднесоа кандидатура, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање кого СДСМ ќе поддржи во Тетово од владините коалициски партнери за локалните избори.

Заев обелодени дека за соработката на локалните избори веќе имал средби со владините партнери Мендух Тачи од ДПА и Блиал Касами од Беса и дека до крајот на неделава ќе се сретне и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Прво е коректно дали ние ќе излеземе со кандидат или не, не можете да изберете кој од коалициските партнери. Логично е во прв круг да излеземе со свој кандидат во такви средни за да во вториот круг кога ќе остане една владејачка и една опозициска партија, логично е да се поддржиме владејачките партии. Деновиве ќе има разговори ќе направиме анализи што најдобро можеме да понудиме. Со Тачи се видов пред две три недели, со Касами  пред две недели, неделава ќе се видам со Ахмети. Сите сме реалисти во делот на позиционирањето и сите сметаме на заедничко помагање оти сме коалиција на централно ниво. Локалните избори се различни од парламентарни и важни се и понудените личности за градоначалници. Логично е коалициски да се поставиме. Најголем дел според мене ќе бидат коалициски настапи во првиот круг или еве според мене 50 отсто, околу 25 отсто во вториот круг, а некаде по завршувањето на изборите ќе правиме коалиција – изјави Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.