Очекувам Митко Чавков од МВР веднаш да даде оставка и нека бега подалеку. Со овие зборови Зоран Заев на 28 април 2017 година, само ден по влегувањето на демонстрантите во Собранието, му се закани на Митко Чавков.

Првпат, нешто што Зоран Заев рече, не порече. Првпат остана доследен во своите ветувања.

Митко Чавков денеска во Кривичниот суд е осуден на 18 години затвор под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Во прес-конференцијата која на тој 28 април ја одржа Зоран Заев, немирите ги оквалификува како обид за уривање на уставниот поредок.

Направен е првиот чекор. Тешко е затоа што имаме работа со непресметливи луѓе. Но заедно сме, ние граѓаните.

 

И САД и ЕУ во нас го гледаат мирот и напредокот. Македонија оди напред.

 

Бидете дел од овие историски процеси, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.