Премиерот Зоран Заев побара Општина Охрид да ја сруши дивоградбата – пицерија на советникот Нефи Усеини во центарот на градот или ќе и ги одземе надлежностите.

Јас му реков на градоначалникот да постапи согласно законот. Ако не, ќе постапиме извршната власт и таа дивоградба, и сите други, ќе биде срушена. Апелирам до Усеини сам да си ја сруши дивоградбата. Мораме да воспоставиме ред, не заради УНЕСКО, туку заради нас – рече претседателот на владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.