Премиерот Зоран Заев потврди дека лично ургирал кај граничарите од Деве Баир да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час. Но, „шармерот“ Заев зборувајќи за убавиот глас на службеничката, случајно или намерно го премолча поголемиот скандал поврзан со слуачајот.

Точно е дека ноќта се јавив кај една полициска службеничка со прекрасен глас, бидејќи на ГП Деве Баир веќе имаше неколку возила кои беа влезени на наша територија и немаа право да мрднат оти влегле по 22 часот.Ми се обрати граѓанин кој е од турска националност, а јас тој воопшто не го ни познавам. Тоа што го знаев е дека има дечиња во автомобилот и дека се заглавени – рече Заев

Се откри и името на службеничката со прекрасен глас.

Службеничката Виолета со пријатен глас, која ноќта на 14.3. во 1 часот го примила повикот од премиерот Зоран Заев на граничниот премин Деве Баир, наводно е мајка на советник од СДСМ, кој воедно е вработен и како инспектор во МВР, пишува корисник на Твитер.

 

Еден ден претходно владата „најостро ги отфрла грубите манипулации изнесени во написите на одредени портали и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за наводен “скандал” дека додека граѓаните се казнувале, премиерот Заев се јавувал да се пропуштаат автомобили, при што наводно законите не важеле еднакво за сите“.

Потоа Заев се покаја и реши да се исповеда. Призна дека зборувал со службеничката со убав глас, но случајно или намерно го премолчи поголемиот скандал поврзан со слуачајот – измената во службената белешка.

Во службена белешка се наведува дека на 14.03.2021 во 01:00 часот, на ГП „Деве Баир“ се пуштени за влез во Македонија пет патнички возила. Во неа службениците имаат пријавено дека ноќта меѓу 13 и 14 март биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека треба да им се дозволи влез во Македонија со образложение дека „во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“. Но, подоцна, тие белешки изменети и од нив е отстрането името на премирот. Ако нема ништо спорно во неговите потези, зошто е дадена наредба на службените белешки да биде направена корекција и од истите да биде отстрането неговото име. Зошто е направена таквата измена, одговор нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.