Премиеерот Заев на прашањето за што се преговара со Бугарија вели дека на маса е предлогот на Португалија.Но, тој предлог Бугарија експресно го одби.Тоа беше потврдено и по средбата на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва за време на посетата на Софија и Скопје.
Тоа е патоказот за кој се разговара. Јас верувам ако се усвои, дефинитивно ќе биде потврден на меѓувладина конференција која што ја водат двајцата министри за надворешни работи, нашиот министер и бугарскиот министер за надворешни работи. Сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство. Фокусот е реално таму заради тоа што Европа е исправена пред можноста да носи одлука на 22 јуни изјави завчера Заев.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со новинарите во понеделникот рече дека неа сака да го коментира предлогот на Португалија иако со него е запознат бидејќи Бугарија и онака го одбила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.