Платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум, соопшти денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој објави пакет економски мерки, кои треба да бидат доставени до Владата.

Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.

14.000 денари ќе земаат раководителите и министрите, но од СДСМ го занемарува фактот дека толку плата ќе земаат и администрацијата. Министрите и директорите кои земале 90.000 плата можат да преживеат, но останатите кои досега добивале плата од 25.000 денари сега со 14.000 тешко дека ќе преживеат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.