Новите содржини не одат на сметка на постоечките. Учениците и натаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и се друго што е неопходно за нивните знаења. Но за оваа работа низ дебата ќе го избереме најдобриот модел, изјави денеска Зоран Заев, претседателот на Владата претставувајќи ги 10. приоритети на „Акција 21“.

Сакам да се осврнам уште еднаш на образовната реформа во основното образование и да укажам дека преку неа, во наставата ќе се вклучат наставни содржини кои се клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет. Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини и часови по хигиена која се покажа како круцијална во борбата со КОВИД-19, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.