Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со спроведувањето на претстојниот Попис 2021, прeмиерот Зоран Заев зборуваше за важноста од спроведување на пописот. Како што истакна тој, сите одговорни чинители во нашето општество, новинарите, граѓаните, политичките партии, пред сé и Владата се свесни за предизвикот со кои ќе се соочиме доколку повторно уште десет години останеме без потпис.

Тоа не смееме да си го дозволиме, вели Заев додавајќи дека ако сме држава која еве веќе 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро.

Јас сум убеден дека ќе имаме успешен попис, од 1 до 21 април, како што е предвидено. Затоа што Законот е согласно Еуростат и согласно и сите меѓународни стандарди. Се работи за статистичка операција, која конечно треба да ја завршиме. Секаков вид на блокирање, одвраќање на вниманието на граѓаните и ставање во неизвесност, воопшто не е патриотски чин спрема државата. Очекувам од најголемата опозициона партија, навистина будно да го следи процесот, да ги мотивира граѓаните сите да се попишат, истакна Заев.

Во врска со предлогот за одложување, тој повтори дека на есен поради локалните избори е невозможно, а одлагање за следната година не е во ред, затоа што никој не може да предвиди што ќе се случи.

Подготвено е се пописот да се случи оваа пролет. Верувам дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста кај сите граѓани но најмногу кај политичарите, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.