„Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, бидејќи ни треба решение. Затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво значајна цел по НАТО. Јас сум горд и сум среќен што доживеав за време на мојот мандат како премиер, Република Македонија да биде членка на НАТО. Тоа е остварување на стратешка цел утврдена уште во 1993 година со Резолуција донесена од Парламентот“, изјави премиерот Зоран Заев во ТВ дебатата „Само вистина“ на Канал 5 каде се соочи со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека португалското претседателство изнесе јасно решение што е македонски јазик и идентитет, а тоа го презеде и актуелното словенечко претседателство со ЕУ и со Бугарија воопшто не се разговара за јазикот и идентитетот. Вели дека се зборува за патоказ со кој ќе се унапредат меѓусебните односи и поефикасно ќе го спроведеме Договорот за пријателство и добрососедство.

Премиерот Заев наведе дека посакува во Бугарија да се формира политичка, како што истакна пред сè тоа е значајно за бугарските граѓани да имаат стабилна Влада, но и да се добие можност за изнаоѓање на взаемно решение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.