Извештајот на УНЕСКО го опфаќа извештајниот период до јануари 2020 година и Владата на Република Македонија останува цврсто посветена во јули кога ќе се дебатира овој извештај и кога ќе се донесе конечното мислење, да ги презентираме сите активности што од тогаш се преземени за природното и културното наследство на заштитеното подрачје на Охридскиот регион и одговорно тврдам дека централната власт направи многу, истакна претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.
Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО во извештајниот период е направено многу. И минатото лето и ова лето. Континуирано ја поздравуваме акцијата на отстранување на бесправните градби околу плажите од страна на Охрид, за жал тоа сеуште не можеме да го направиме за Струга, апелирам и Струга да постапува на соодветен начин. Инвестиравме многу во реконструкцијата на колекторот и на негова доизградба до Радожда. Сега веќе нема шанса да се добие дозвола за градба без мислење на Комисијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, нагласи премиерот Заев.
Тој додаде дека Владата презема итни чекори за експертско и стручно кадровско екипирање на најрелевантните институции како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство и НП Галичица. Прекинати се работите на регионалните патишта кои беа во спротивност со Планот, а променета е и рутата на железничката линија Кичево-Лин во Албанија која претходно беше предвидено да поминува низ заштитеното подрачје.
Свесни сме за жолтиот картон од УНЕСКО. Иако во јули може да има поинаква одлука, ние очекуваме Охрид да остане заштитен под УНЕСКО, но како наследство во опасност. Тоа е аларм за сите, прво за нас институциите, но пред се и за граѓаните, кажа премиерот Зоран Заев во неговото гостување на телевизијата Клан.
Премиерот објасни дека експертската група на УЕСКО која што го подготви извештајот беше во земјава во јануари 2020 година и додаде дека од тогаш до сега преземени се доста чекори.
Она што е значајно што од тогаш наваму секако се прекинати двата регионални патишта заради тоа што не беа предвидени согласно внимателноста и планот со управување со УНЕСКО. Дополнително е стопиран било која следна активност на железничката пруга Кичево – Лим и се прави изместување на таа пруга, надвор од заштитниот коридор на УНЕСКО, кажа Заев.
Тој додаде дека креирани се и посебни комитети со Албанија за координација и заштита на Охридското Езеро.
Ние го делиме Охридското Езеро, а со тоа ја делиме одгворноста за неговата заштита. Во едни такви околности многу е важно граѓаните, стопанството, сите да сфатат, ако изгубиме статус на УНЕСКО ќе изгубиме се што имаме во Охрид на што се гордееме. А тоа е туризмот, потенцијалите, секако развојот, живеачката на граѓаните, не смееме да дозволиме, предупреди Заев.
Тој додаде дека треба да се исфрлат од главите сите замисли за мегаломанство.
Треба да си ги тргнеме од главата сите наши замисли за мегаломантсво како што постоеше барем до 2017 година во времето на Никола Груевски, кога се повкуваја Субрата Рој со големите мегаломански проекти, па се градеше се и сешто, се навлегуваше внатре во езерото, денеска сето тоа е минато, кажа Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.