Претседателот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека градоначалникот Максим Димитриевски го предложиле да биде член на ЦО, но тој се повлекол. Денеска беше објавено дека делегати на конгресот кои се од Куманово реагирале до врвот на партијата затоа што Димитриевски не е кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.
Делегатите обвиниле дека во Куманово предлозите за кандидати на ЦО ги правела мала група, а подоцна се исмејувале. Точката не била ставена на дневен ред, затоа што прво се избрал новиот ЦО, а Заев подоцна констатирал дека беспредметно било да се гласа за предлогот кога веќе го изгласа ЦО. Димитриевски кој процедурално се пријавил да се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и кажа како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму. Изјавил дека ќе дава поддршка на партијата, како и досега кога партијата се соочувала со многу големи предизвици од 24 декември и 27 април. Димитриевски истакнал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.